Фајзер ќе тестира вакцина против Ковид-19 на бебиња

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Фајзер најави дека наскоро ќе започне со тестирање на својата вакцина против Ковид-19 на бебиња.

Фармацевтската компанија заедно со својот германски партнер, креаторите на првата вакцина против Ковид-19, ќе тестираат 4.500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.

Децата на возраст од 5 до 11 години ќе добијат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.

Тестирањата за шестмесечни бебиња ќе започнат за неколку недели и тие ќе добијат доза од 3 микрограми.

До септември може да се очекуваат резултатите за деца од 5 до 11 години, додека за помладите подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот