„Фајзер“ ја пријави вакцината против ковид-19 за одобрување во Европа

Компанија Фајзер / Фото: Архива

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ ја пријави вакцината која ја произведоа во соработка со „Бионтек“ за одобрување од Европската медицинска агенција, јавува германската агенција дпа.

Како што соопштија од „Фајзер“, желбата им е вакцината да биде достапна во Европа до крајот на годината.

„Фајзер“ и „Бионтек“ изјавија дека добиле потврда за апликацијата откако вчера побараа одобрение од ЕМА.

Ова го става „Фајзер“ заедно со фармацевтската компанија „Модерна“, која вчера исто така побара одобрение од EMA за својата вакцина против ковид-19.

Во клиничките испитувања, како што тврдеа од „Фајзер“, се покажало дека нивната вакцина има ефикасност од 95%.

„Фајзер“ и „Модерна“ уште претходно ја пријавија својата вакцина за итно одобрување од америкаснакта регулаторна комисија.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот