Фајон: Емануел Макрон, РАЗБУДИ СЕ!

Остри критики на Фејсбук упати известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон на одлуката Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија.

„Голем срам! Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Лидерите на овие земји ги завршија своите должности! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши  својот дел и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“, напиша Тања Фајон на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот