Фајненшл тајмс : Европа увезува рекордни количини на руски течен гас

Европа увезува рекордни количини на руски течен природен гас од јануари до октомври 2022 година a увозот на течен гас од Русија годинава е зголемен за 42 отсто во споредба со истиот период во 2021 година, пишува Фајненшл тајмс.

Во првите десет месеци од оваа година во Русија се испорачани рекордни 17,8 милијарди кубни метри течен гас. Како што наведува угледниот магазин главни купувачи на рускиот гас се Белгија, Шпанија, Холандија и Франција. Од вкупно увезеното течно гориво, 16 отсто од гасот пристигнал во европските земји по морски пат, оценува британскиот весник.

Истовремено, 62,1 милијарди кубни метри руски гас беа испорачани во Европа преку гасоводи од почетокот на годината. Овие податоци покажуваат дека Европа се уште не е целосно подготвена да се откаже од гасот од Русија, оценува авторот на статијата.

Ен-Софи Корбо, експерт во Центарот за глобална енергетска политика од Универзитетот Колумбија во Њујорк, смета дека еден ден Русија би можела да престане да испорачува гас за Европа. Во тој случај, според Корбо, Европејците би биле принудени да купуваат гас на „уште поскапиот слободен пазар“.

Корбо верува дека Русија би можела да ги распореди своите танкери за ЛНГ во земји како Бангладеш и Пакистан и да го продава гасот по пониски цени за да стекне „политичка предност“ и „да изврши притисок врз Европејците“, наведува магазинот.

Британскиот весник потсетува дека Европа во 2021 година увезла вкупно 155 милијарди кубни метри руски природен гас, вклучително и течен природен гас.

Од друга страна експертот Георг Закман смета дека Европската унија не треба да се откаже од рускиот течен природен гас, туку дека треба да развие механизам за заштита во случај „Русија да почне селективно да испраќа гас до индивидуални клиенти во Европа со цел да добие политички поени и да го поткопа европското единство ”

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот