Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Во рамки на 110. седница на Собранието на Република Северна Македонија, на 31 август 2019 година, за вицегувернер на Народната банка беше именуван Фадил Бајрами.

Тој ја извршуваше оваа одговорна функција и во изминатиот период. Вчера, пред да започне неговиот нов вицегувернерски мандат, тој даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Народната банка изразува задоволство што Собранието на Република Северна Македонија, повторно со големо мнозинство, го поддржа предлогот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот