Фабриката „Пејпер мил“ повторно чади

Пејпер Мил / Фото: ДИЖС

Фабриката за производство на хартија „Пејпер мил“ од Кочани повторно чади, се жалат жители на Кочани и околината, споделувајќи на социјалните мрежи содржини за квалитетот на воздухот во Кочанскиот регион.

– Фабриката не ни престанала да чади. Загадувањето се намалува кога доаѓаат инспектори во контрола – вели Орце Николов од „Одбор за здрав живот“.

– Се прашувам како претходно тој чад ги надминуваше дозволените граници, а сега сè е во ред – вели Ана Симонова, екоактивистка. Таа додава дека жителите од околината, како и претходно, кога се случуваа граѓанските протести, се жалат на печење на очите.

Обвинителството од Кочани претходно ја одби кривичната против „Пејпер мил“ за загадување, иако вонредни мерења на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) покажаа пречекорување на вредностите на емисиите од фабричкиот оџак.

– Фабриката имаше хаварија пред моето доаѓање за директор на Инспекторатот, изгореа филтрите што беа наместени таму. Во меѓувреме порачаа нови филтри, а истовремено се префрлија на водени филтри – вели Сретен Стојковски, директор на ДИЖС.

По местењето на филтрите, бугарска акредитирана лабораторија направила анализи и директорот на ДИЖС најави дека деновиве ќе има резултати оттаму.

– Таков филтер постојано ќе се затнува и ќе создава проблеми – вели Тони Никушевски, екоактивист, кој потсетува дека законска обврска е да има автоматски мониторинг на емисиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот