Фабриката „Благоја Ѓорев” уверува дека излеаниот мазут не завршил во Вардар

Фабриката „Благој Ѓорев” од Велес ја потврди хаваријата со излевање на мазутот, но истовремено уверува дека тој не завршил во одводниот канал кој се влева во реката Вардар.

– Веднаш беа известени одговорните лица со цел спречување од понатамошно излевање. Во текот на целиот настан беше присутна полициска служба која што го регулираше сообраќајот. Официјално, преку телефонски повик беа известени и надлежните служби на општина Велес, велат од „Благој Ѓорев”.

Од таму појаснуваат дека во погонот „Котлара”, се наоѓа мал котел со капацитет околу 100 литри, што служи за кружење на мазутот кој се користи како горивно средство за потребите на фабриката.

– Во котелот е вграден греач кој служи за одржување на температура на мазутот. Причината за излевање на мазутот е поради пукање на греачот кој што се наоѓа на горниот дел од котелот. Понатаму мазутот се влева во прифатен базен кој што е во состав на погонот, а потоа во канал што води во дворот на фабриката. Понатаму постои уште еден прифатен базен (кој е физички оддалечен од уличните канали за отпадна вода) кој би спречил директно излевање на мазутот надвор од кругот на фабриката, но во случајов поради временските услови дел од него бил полн со вода, па мазутот бидејќи е полесно средство од водата испливал на површина и се прелеал преку оградата, соопштија од Фабриката „Благоја Ѓорев”.

Од фабриката наведуваат дека веднаш по настанот реагирала екипа што извршила покривање со сончогледово ќоспе на излеаното количество мазуот, како според визуелните проценки не повеќе од 300 килограми, со цел тоа да не се излее во шахтите на улицата.

ПИ „Благој Ѓорев” АД Велес иинформира и дека до надлежните институции испратиле и соодветни фотографии како доказ дека во одводен канал не се излеал мазут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот