Фабрици: Регионот не теба да се разочарува по одлуката на ЕК за Македонија

Во полемиката во Србија по француското вето за отварањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, се огласи и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград Сем Фабрици.

Фабрици порача дека регионот не треба да се препушти на разочарување, „по одлуката за жал да не се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека ЕУ ќе остане со Србија и партнерите во Западен Балкан”.

Фабрици рече дека го дели разочарувањето и фрустрацијата на луѓето во регионот поради одложувањето на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија.

Рече дека Северна Македонија спроведе импресивни реформи на внатрешниот систем и постигна историскиот договор со Грција преку Преспанскиот договор, додавајќи дека и Албанија спровела реформи, особено во правосудството.

– Не дозволувајте да се изгуби фокусот, ЕУ е посветена на Западениот Балкан, кој е клучен за нас. ЕУ е најголем донатор, инвеститор и трговински партнер на целиот регион – оцени Фабрици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот