Фабио Капело: Роналдо беше најголемиот проблем!

EPA/ANDY RAIN

Искусниот италијански стратег откри дека Бразилецот имаше многу проблеми во Реал Мадрид.

Поранешниот шеф на Реал вели дека најмногу проблеми му создаваше Бразилецот Роналдо додека беше тренер на „кралскиот“ клуб.

Роналдо беше најголемиот талент кој имав можност да го тренирам. Во ист момент беше и фудбалер со кој имав најмногу проблеми во соблекувалната – рече Капело за „Скај Спортс“.

Искусниот италијански стратег откри дека Бразилецот имаше многу проблеми во Реал Мадрид.

Често излегуваше и се забавуваше и правеше беспотребни работи. Еден ден, Руд ван Нистелрој ми се приближи и ми кажа дека соблекувалната мириса на алкохол – додаде Капело.

Воедно тврди дека Реал започна да реди победи кога Роналдо направи трансфер во Милан.

Роналдо отиде во Милано и ние започнавме да победуваме. Беше најталентираниот фудбалер, без никакво сомнение – заврши Капело.

Овој играч го носеше дресот на шпанскиот гигант во периодот од 2002 до 2007 година со учинок од 104 голови во 177 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот