ФА: Тешко е за очекување дека наскоро ќе се вратат навивачите

Според Грег Кларк реалноста е дека едноставно не се знае како ќе се одвиваат нештата поради пандемијата на коронавирус..

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) вели дека не очекува наскоро навивачите да се вратат на трибините.

Според Грег Кларк реалноста е дека едноставно не се знае како ќе се одвиваат нештата поради пандемијата на коронавирус која ги запре скоро сите фудбалски натпреварувања.

А освен натпреварите кои се прекинати, одложени и во последно време откажани, претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) вели дека не очекува наскоро навивачите да се вратат на трибините.

Со социјално дистанцирање кое е потребно уште некое време, се соочуваме и со големи проблеми во целиот фудбалски екосистем. На пример, тешко е да се даде предвидување кога навивачите, кои се животната сила на фудбалот, наскоро ќе се вратат на натпреварите – напиша Кларк во писмото на Управниот одбор на ФА, пренесува „Би-Би-Си“.

Кларк рече дека и извршниот тим на ФА „работи на различни сценарија со кои потенцијално би можеле да се соочиме како резултат на пандемијата“.

Тој предупредува дека намалувањето на буџетот во износ од 75 милиони фунти ќе биде „разумно“ оваа година.

Во најлошо сценарио, тоа би било неопходно во текот на следните четири години со цел да се надополни дефицитот во износ од 300 милиони фунти. Јасно е дека тоа ќе влијае на многу наши планови, бидејќи ќе допре до секое поле на играта и ќе влијае на проектите за кои сите се залагаме – додаде Кларк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот