ФА куп: Челси против Јунајтед, а Арсенал ќе игра со Сити

фото: твитер

Познати се сите патници во полуфиналето на ФА купот, на последниот четвртфинален натпревар Манчестер сити ја оправда фаворитската улога против Њукасл (0:2).

Првиот гол на „граѓаните“ беше дело на Де Брујне во 37 минута од средбата кој стрелаше прецизно од белата точка.

Конечниот епилог на „Ст. Џејмс парк“ стадионот го постави Стерлинг кој постигна убав гол по додавањето на Фоден.

Противник на играчите на Пеп Гвардиола во претпоследната пречка до трофејот во натпреварувањето ќе биде екипата на Арсенал која претходно го елиминираше Шефилд јунајтед. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат тимовите на Челси и Манчестер јунајтед.

Како што е најавено завршницата од овие полуфиналето дуели ќе биде на „Вембли“ стадионот во Лондон во периодот 18-19 јули 2020, а финалето е на 1 август.

Потсетување, „топчиите“ имаат досега најмногу трофеи во историјата на ова натпреварување, вкупно 13, зад нив се „црвените ѓаволи“ кои имаат 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот