ФА куп: Арсенал во финалето, Обамејанг блескаше на „Вембли“! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Топчиите“ се првите финалисти во ФА купот откако вечерва на „Вембли“ стадионот со 2:0 беа подобри од Манчестер сити.

Најзаслужен за победата на Арсенал беше интернационалецот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Во 19 минута Пепе убаво го пронајде својот соиграч кој успеа да го матира Едерсон, а во 71 минута по додавањето на Тирни, Обамејанг во полуконтра им избега на противничките дефанзивци и го постави конечниот епилог.

Арсенал кој е најтрофеен во ова натпреварување со 13 трофеи, после три години е повторно во завршната битка за титулата.

В недела (19 јули) е второто полуфинале на истиот терен од 19.00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Манчестер јунајтед и Челси. Големото финале на „Вембли“ во Лондон е закажано за 1 август 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот