ФА го казни Деле Али поради шегите за коронавирусот!

фото: твитер

Играчот за врска во февруари објави видео на „Снепчет“ во кој се гледа како се потсмеваше со Азиец и со коронавирусот.

Фудбалерот на Тотенхем Деле Али е суспендиран на еден натпревар од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), поради објавување на видео клип за коронавирусот.

Играчот за врска во февруари објави видео на „Снепчет“ во кој се гледа како се потсмеваше со Азиец и со коронавирусот.

Овој вирус мора да биде побрз за да ме фати – се тогашните зборови на фудбалерот кој на сослушувањето на ФА рекол дека бил „предаден“ од еден пријател на „Снепчет“. Менаџерот на клубот Жозе Мурињо тврдеше дека неговиот фудбалер не е расист и дека веднаш се извини.

Веднаш играчот на Тотенхем ја избриша објавата и испрати извинување, но не и доволно да помине неказнето.

Здраво, луѓе, ова е Деле. Само сакам да извинам за видеото што го објавив. Не сакам да имате лошо мислење за мене, не беше смешно и веднаш го избришав. Не треба да се шегувате со вакви работи. Ја праќам сета моја љубов на луѓето во Кина – рече Али во видеото.

Репрезентативецот на Англија како дел од казната ќе мора да плати и 50.000 фунти и да присуствува на образовен курс.

Тотенхем првиот меч после паузата поради пандемијата ќе го одигра на 18 јуни од 21.15 часот против Манчестер јунајтед на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот