Ф1: Жоу за малку ќе загинеше во Силверстон, но порача: Се гледаме во Австрија

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Алфа Ромео излезе неповреден од страшната несреќа во Британија што можеше да го чини живот. Тој најави дека сака да вози на ГН во Австрија викендов

Возачот на Алфа Ромео Жоу Гуангјоу имаше спектакуларна несреќа во првиот круг на Ф1 трката во Силверстон за Големата награда на Велика Британија.

Неговиот автомобил излета од патеката, се преврте, се лизгаше наопаку со голема брзина некое време, а потоа беше исфрлен преку оградата.

По ужасната глетка, сите мислеа дека Жоу ќе мине тешко, но тој беше потполно неповреден. По трката изјави дека таканаречениот „ореол“ над кокпитот му го спасил животот.

Следната трка е во Австрија и бидејќи лекарите не му најдоа повреди тој испрати порака преку социјалните мрежи дека сака да се трка на патеката „Ред бул“.

– Сакам да им се заблагодарам на официјалните лица и на медицинската екипа на Силверстон. Беа фантастични. Се гледаме во Австрија – порача Кинезот.

Трката на патеката „Ред бул“ во Австрија е закажана за следниот викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот