Ф1 возачите одлучија да настапат во Џеда и покрај ракетните напади

Трката за ГН на Саудиска Арабија во Џеда, за прв пат се одржа минатата година/ фото: EPA-EFE/STR

По четиричасовни разговори, возачите во Формула 1 донесоа одлука да настапат на трката за Големата награда на Саудиска Арабија иако во текот на вчерашниот ден беше извршен ракетен напад на 20 километри од Џеда.

Ракетниот напад на нафтено поле го одложи тренингот за 15 минути, по што шефовите на Ф1 тимовите одржаа состанок на кој едногласно одлучија да се вози трката во недела.

Организаторот на трката и првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали добиле гаранции дека патеката нема да биде цел на напад и Џеда е безбеден град.

Но, потоа состанок имаа возачите со шефовите на Ф1 по што останаа сами да разговараат дали да настапат на тренинзите, квалификациите и на неделната трка. По четиричасовни разговори кои завршиле во 2.30 часот по полноќ по локално време, било одлучено да настапат на трката за ГН на Саудиска Арабија.
Квалификациите ќе се одржат денеска од 18 часот, додека трката ќе се вози утре од 19 часот.

Видео на денот