Ф1: Верстапен најдобар на трката во Бразил (ВИДЕО)

фото:твитер

Возачот на „Ред Бул“ триумфираше на денешната Голема награда на патеката „Интерлагос“ и ја забележа третата победа во Формула 1 оваа сезона.

Макс Верстапен беше најдобар на трката во Сао Паоло (Бразил) кој ја потврди доминацијата од саботните квалификации кога ја обезбеди пол-позицијата. Тоа беше претпоследниот старт на сезоната пред трката во Абу Даби.

Второпласиран заврши членот на „Торо Росо“, Пјер Гасли (за првпат на подиумот), додека третата позиција ја освои светскиот Ф1 шампион, Луис Хамилтон на „Мерцедес“.

Британецот кој претходно имаше инцидент со Алекс Албон би можел да биде казнет со додавање на пет секунди, откако после трката призна дека тој погрешил, па двајцата пилоти се под истрага.

Доколку возачот на Мерцедес биде казнет, на подиумот ќе се најде Карлос Сајнц кој трката ја започна како последен.

На петтото место заврши Кими Раиконен, следуваат Антонио Џовинаци, Даниел Рикардо, Ландо Норис, Серхио Перез, Данил Квјат.

Возачите на „Ферари“ немаа среќа, односно Шарл Леклер и Себастијан Фетел испаднаа после еден меѓусебен судир.

Последната трка ќе се вози на 1. декември на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот