Ф1: Триумф на Ботас, Хамилтон сам се „откажа“ од победата

epa08701033 British Formula One driver Lewis Hamilton (front L) of Mercedes-AMG Petronas and his Finnish teammate Valtteri Bottas (front R) lead the pack during the start of the Formula One Grand Prix of Russia at the race track in Sochi, Russia, 27 September 2020. EPA-EFE/Bryn Lennon / Pool

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфира на 10. трка сезоната која се возеше за Големата награда на Русија во Сочи.

Ботас денеска ја оствари втората победа на патеката во Сочи, а вкупно деветта во кариерата.
На второто место се пласира Макс Ферстапен од Ред Бул, додека последното место на победничкиот подиум му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој  сам си е виновен што не триумфира и ја пропушти можноста да се израмни со Михаел Шумахер на листата во бројот на победи.

Борба за победата во Сочи немаше бидејќи Хамилтон кој стартуваше од пол позицијата со своите грешки сам си ги одзеде шансите, а Ботас профитираше од тоа. Хамилтон уште пред стартот на трката заработи две казни од по пет секунди будејќи вежбаше старт на излезот од пит стопот, а не на делот од патеката кој е определен за такво нешто.
Сепак, грешката не е по негова вина, тој го праша својот тим дали смее тоа да го направи по што доби потврден одговор, но на крајот се најде под истрага и заработи две казни од по пет секунди.

Актуелниот шампион на лидерската позиција се задржа со 17. круг кога мораше да влезе во боксот за да ја одработи казната по што лидерската позиција ја презеде Ботас и не ја испушти до крајот.

На четвртото место трката во Сочи ја заврши Серхио Перез, пред Даниел Рикиардо до Рено, шести беше Шарл Леклер од Ферари, а бодови освоија уште и Естебан Окон од Рено, Данил Квјат и Пјер Гасли од Алфа Таури и возачот на Ред Бул, Алекс Албон.

И покрај киксот, Луис Хамилтон останува лидер во генералниот пласман со 205 бода, 41 повеќе од клупскиот колега Валтери Ботас, а трет е Макс Ферстапен со 128 бодови.
Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози за две недели на патеката Нирбургринг на трката за Големата награда на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот