Ф1 тимовите бараат да биде проверен моторот на Ферари!

twitter/formulaone

Неколку Формула 1 тимови со писмено барање до Меѓународната автомобилистичка федерација во кое се поставуваат прашања за некои аспекти на актуелниот мотор на Ферари, пишува „Автоспорт”.

Ривалите на „Скудерија” сакаат одговор на прашањето дали дизајнот на моторот на Италијанците е според правилата со цел да започнат да развиваат свои слични концепти.

Ферари направија значаен исчекор во нивниот настап по летната пауза во Формула 1. Клучот се верува дека е во аеродинамичните промени на тимот.

По паузата, со СФ90 беа освоени сите пет квалификации и три натпреварувања. Предниот дел на погонската единица, сепак, достигнува сериозни 0,8 сек на некои патеки.

Будењето на Ферари им овозможи да го зацврстат второто место пред Ред Бул, па дури и да го засенат Мерцедес во втората половина од сезоната.

До неодамна во Ф1 светот не се знаеше многу за Шарл Леклер (22) кој со своето Ферари оваа сезона триумфираше на две трки, а на победничкиот подиум се најде седумпати, моментно е на третата позиција со 221 бод зад дуото на Мерцедес Луис Хамилтон (338) и Валтери Ботас (274).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот