Ф1 станува досадна, Мерцедес повторно доминантен

Ф1 сезоната во 2023 ќе стартува со трката за Големата награда на Бахреин/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Формула 1 шампионатот е на добар пат да стане неинтересен уште во првата третина од сезоната. И во петтата трка оваа сезона која се возеше за Големата награда на Шпанија, возачите на Мерцедес по петти пат остварија еден-два победа.

Овој пат триумфот му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтон, ова беше негова трета победа сезонава, а вкупно 76 во кариерата.

Хамилтон стартуваше како втор, но по првата кривина го помина клупскиот колега и сите 66 круга на патеката „Каталуња“ ги извозе како првопласиран. Згора на тоа, заработи дополнителен поен бидејќи го имаше и најбзиот круг.

На двоецот од Мерцедес, на победничкиот подиум му се придружи и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен кој во директен дуел беше подобар од двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклерк.

Хамилтон со 112 бодови е лидер во генералниот пласман, на второто место и Валтери Ботас со 105 бодови, додека Макс Верстапен е на третото место со 66 бодови.

Следната трка во Формула 1 шампионатот е за две недела, на 26 мај се вози трката за Големата награда на Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот