Ф1: Прва победа за Ферстапен во Италија

epa09143750 First placed Dutch Formula One driver Max Verstappen of Red Bull Racing celebrates on the podium after the Formula One Grand Prix Emilia Romagna at Imola race track, Italy, 18 April 2021. EPA-EFE/DAVIDE GENNARI

Возачот на Ред Вул, Макс Ферстапен ја оствари првата победа во кариерата на патеките во Италија откако слевеше на трката за Големата награда на Емилија Ромања. Ферстапен во Имола дојде до 11. победа во кариерата и притоа ја прекина серијата на лоши резултати во Италија.
Минатата сезона во Имола, Ферстапен не ја заврши трката, но денеска најдобро се снајде во хаотичната трка која еднаш беше прекината, а потоа и „успорена“ со излегувањето на безбедносното возило на патеката.
Второто место му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтгон и тоа откако ја направи една од најголемите грешки во последните неколку години. Возачот на Мерцедес на крајот задоцни дури 22 секунди зад победникот, а третото место на победничкиот подиум му припадна на Ландо Норис од Мекларен.

Дуел помеѓу Феррстапен и Хамилтон/EPA-EFE/DAVIDE GENNARI

Клучниот потег за триумфот, Ферстапен го направи на самиот старт кога ги претекна прво тимскиот колега Серхио Перез, а потоа и Хамилтон притоа имајќи контакт со болидот на Британецот. До крајот на трката Хамилтон единствената шанса да го помине Ферстапен ја имаше при заминувањето во пит стопот, но лошата работа на механичарите му одзеде драгоцено време како и шансата да го престигне конкурентот.

Четвртото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер, веднаш зад него беше клупскиот колега Карлос Саинс, а бодови освоија уште и Даниел Рикиардо од Мекларен, Ленс Строл од Астон Мартин, Пјер Гасли од Алфа Таури, Кими Раиконен (Алфа Ромео) и возачот на Алпине Естебан Окон.
Хамилтон го задржа водството во генералниот пласман со 44 бода, еден повеќе од Ферстапен, а следната трка ќе се вози на 2 мај и тоа за Големата награда на Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот