Ф1 ПРОБЛЕМИ: Квалификациите во Јапонија одложени поради тајфун!

twitter.com/RSBayliss

Сите активности предвидени за сабота, третиот тренинг и квалификациите се одложени, бидејќи се очекуваат обилни врнежи и силен ветар со брзина од 160 километри на час на брегот во близина на самата патека Сузука.

Според програмата, квалификациите ќе бидат одржани в недела во 03.00 часот наутро по средноевропско време, а предвидено е трката да започне во 07.10 часот. Во денешните утрински часови беа одржани два тренинзи на кои најбрзи беа возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

Организаторите донесоа одлука за одложување на саботната програма од безбедносни причини на посетителите, натпреварувачите и сите на патеката Сузука.

Поради тајфун одложени се и два натпревари од Светското првенство во рагби кое се одржува во Јапонија.

Во генералниот пласман кај возачите во Ф1 шампионатот на пет трки до крајот на сезоната води Луис Хамилтон со 322 бодови, пред Валтери Ботас со 249, на третата и четвртата позиција се Шарл Леклер (215) и Макс Ферстапен (212), а на петтото место е Себастијан Фетел (194).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот