Ф1: Мерцедес доминира, Ботас до пол позиција во Бахреин

Фото: EPA-EFE/Hamad I Mohamed/Pool

В недела ќе гледаме и втора трка од Формула 1 шампионатот сезонава во Бахреин, во саботните квалификации најбрз беше Валтери Ботас.

„Мерцедес“ повторно доминираше, а на втората позиција со 26 илјадитинки заостанување зад Финецот се најде Џорџ Расел.

Расел инаку вози за „Вилијамс“, но бидејќи светскиот Ф1 шампион Луис Хамилтон е позитивен на ковид-19, викендов е во болидот на „Мерцедес“.

Од третото место ќе стартува Макс Ферстапен во „Ред Бул“, а од четвртата позиција пилотот на „Ферари“, Шарл Леклер. Редоследно од петтото до 10 место се наоѓаат Перез, Квјат, Рикардо, Саинз, Гасли и Строл.

Трката за Големата награда на Бахреин е на програмата в недела од 18.10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот