Ф1: Хамилтон со нова пол позиција во Сочи

Фото: твитер

Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон ќе стартува од најдоброто место в недела на трката за Големата награда на Русија во рамките од Формула 1 шампионатот.

За Британецот ова е вкупно 10 пол позиција во 2020 година (вкупно 96 во кариерата), а зад себе на саботните квалификации во Сочи го остави Макс Ферстапен од „Ред Бул“, односно колегата Валтери Ботас кој имаше трето време.

На четвртото место е Серхио Перез, а редоследно од петтата до 10 позиција се наоѓаат Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли и Александер Албон.

„Мерцедес“ славеше на сите трки во Сочи од 2014 година, Хамилтон триумфираше четирипати.

Доколку тоа го направи и утре, ќе биде тоа негова 91 победа во кариерата и би се израмнил со рекордот на легендарниот германски Ф1 возач, Михаел Шумахер.

Хамилтон в недела се израмнува со рекордот на Шумахер!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот