Ф1: Хамилтон ја „покори“ и Имола, седма титула за Мерцедес!

Фото: EPA-EFE/Miguel Medina/Pool

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на Формула 1 трката за Големата награда на Емилија-Ромања во Имола (Италија). После оваа победа неговиот Мерцедес ја одбрани титулата од минатата година кај конструкторите.

Мерцедес е првата екипа во историјата на ова натпреварување која седумпати доаѓа на тронот и сега е пред Ферари (шест титули, од 1999-2004 год.). Моментно во генералниот пласман сезонава Мерцедес има 479 бодови, пред Ред Бул Рејсинг-Хонда (226).

За Британецот Хамилтон ова е вкупно деветти триумф сезонава во Ф1 (72 со Мерцедес), а 93 во неговата кариера и направи голем чекор кон освојување на седмата шампионска титула. Исто така освои и додатен бод за најбрз круг на трката.

Второто место денеска го освои неговиот клупски колега Валтери Ботас, а третопласиран низ целта помина членот на Рено, Даниел Рикардо. Редоследно од четвртата до 10 позиција завршија Квјат, Леклер, Перес, Сајнц, Норис, Раиконен и Џовинаци.

Наредната трка во шампионатот ќе се вози на 15 ноември 2020 година во Турција. На четири трки до крајот на сезоната Хамилтон има 282 бода, 85 повеќе од Ботас, додека Ферстапен е трет со 162.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот