Ф1: Ботас на пол позиција во Австрија

фото: твитер

Денеска на патеката „Ред Бул ринг“ беа одржани квалификациите за првата трка оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Во Австрија најдоброто време го имаше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас и ќе стартува од пол позицијата.

Финецот имаше најбрз круг со резултат 1,02,939 мин. пред неговиот клупски колега и актуелен светски шампион, Луис Хамилтон од Велика Британија.

Од третото место ќе стартува членот на Макс Ферстапен во Ред Бул, а зад него возачот на Мекларен, Ландо Норис (+0,687).

Четирикратниот светски првак, Себастијан Фетел заврши дури на 11 место и не се пласираше во последната трета квалификациска рунда.

Денеска имав добар резултат, но најважното е утре – рече Ботас после квалификациите.

Главната трка е в недела од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот