Езра Милер оди на лекување: Извинете за сè

Езра Милер
Езра Милер / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Актерот Езра Милер јавно се извини за своето повеќе од непримерно однесување кое ги полнеше медиумските страници во последните две години и призна дека почнал да се лекува од „сложени психички проблеми“.

Во изјавата дадена од неговиот медиумски претставник за „Variety“ во вторникот, 29-годишниот небинарен актер се извини за сè што направил.

„Неодамна поминав низ време на интензивна криза, сега разбирам дека имам сложени проблеми со менталното здравје и почнав да се лекувам“, рече Милер. „Сакам да му се извинам на секој што сум го вознемирил поради моето минато однесување. Посветен сум да направам сè што е потребно за да се вратам во здрава, безбедна и продуктивна фаза во мојот живот“, се додава во соопштението.

езра милер
Езра Милер / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Тековната улога на Милер како „The Flash“ во универзумот на суперхерои на „DC Comics“, вклучително и
претстојната главна улога во првиот самостоен филм на овој лик, беше засенето од наводите за неговото
однесување во приватниот живот во последните две години.

Неодамна, Милер беше обвинет за кражба во Вермонт минатата недела, откако државната полиција го
истражуваше инцидентот во кој, наводно, биле земени неколку шишиња алкохол од дом во Стемфорд во мај. Милер треба да се појави пред Врховниот суд на Вермонт на 26 септември.

езра милер
Езра Милер / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Актерот исто така беше уапсен двапати претходно оваа година на Хаваите, прво за непристојно однесување и малтретирање во караоке бар во март, а потоа за напад од втор степен помалку од еден месец подоцна. Во првиот случај, Милер не се изјасни ниту по една точка за непристојното однесување и плати казна од 500 долари, додека обвинението за вознемирување беше отфрлено. Во другиот случај, Милер беше ослободен без обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот