Ежени Бушар го остава рекетот и оди во светот на модата – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ежени Бушар го остава рекетот и оди во светот на модата

Канадската тенисерка ќе го следи примерот на Ана Курникова, која поголеми успеси оствари пред камерите отколку на тениските терени.

Една од најубавите и најатрактивни спортистки на светот, Ежени Бушар, размислува на 25 години да се откаже од тениската кариера и да се посвети на својата втора пасија, позирање пред камерите.

Убавата Канаѓанка не успеа да направи позабележителни резултати со прифесионалниот тенис иако во јуниорска конкуренција освои се што можеше да се освои.

Таа не успеа да ги оправда очекувањата, најголем успех ѝ беше пласманот во финалето на Вимблдон во 2014 година и полуфиналињата на Австралија опен и Ролан Гарос. Во 2014 година дојде и до петтата позиција на ВТА ранг листата.

И кога сите мислеа дека ќе го покори тенискиот свет бидејќи беше успешна, атрактивна, преубава, секогаш насмеана и расположена за шега предизвикуваше воздишки каде и да се појавеше. И одеднаш застана, притисокот од јавноста и серијата на повреди ја туркаа сè подолу на ранг листата.

Моментно се наоѓа на 73. место на ранг листата, а неодамна загуби во првото коло од квалификациите за турнирот во Мајами.

Како тонеше на ВТА ранг листата, така и се зголемуваше популарноста на социјалните мрежи и се повеќе добиваше ангажмани за разни фотосесии. Појавувањето на насловната страна на „Спортс илустрејтед“ ѝ ги отвори портите од светот на модата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close