Евзони по една година ќе ги крене рампите за македонските граѓани

Македонско-грчка граница, ГП „Евозни“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во пресрет на летната сезона, во Грција ќе можат да влезат лицата со негативен ПЦР тест, со доказ за примени две дози вакцина или со позитивен резултат за антитела.

Граничниот премин Евзони по една година повторно ќе ги отвори рампите за македонските граѓани коишто сакаат да патуваат во Грција. Во пресрет на летната сезона, по период од една година, јужниот сосед Грција ќе дозволи влез на македонски граѓани коишто исполнуваат неколку услови за влез во земјата, со цел превенција од ковид-19.

Премиерот Зоран Заев потврди дека од денеска, 14 маj се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија. Влез во Грција ќе биде дозволен за сите оние коишто имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Ваквата информација била потврдена на средбата на Заев со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Заев смета дека во Северна Македонија сега има доволно количества вакцини за да се заврши до крај масовна имунизација со која се предвидува до крајот на летото да се постигне колективна заштита. „Имаме чести и редовни разговори со Атина, и формални и неформални, за пандемијата. Сега зборуваме главно за можните режими за патување во претстојниот период, бидејќи луѓето сакаат да ја посетат Грција, нашата традиционална дестинација за годишни одмори“, нагласи премиерот и во интервју за грчкиот медиум „Авги“.

Во пресрет на летната сезона, Грција ќе дозволи влез на македонските туристи коишто исполнуваат неколку услови за влез во земјата.

Граѓаните коишто ги примиле двете дози на вакцината против Ковид-19 ќе добијат сертификат со којшто ќе можат да патуваат во Грција. Оние што се вакцинираа во Србија ќе може да го користат документот што им го издале српските здравствени власти.

Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март. Прекуграничните поминувања беа само за одредени категории граѓани.

Неодамна и министерот за здравство Венко Филипче најави дека Грција останува на ставот за отворање на границата за македонските граѓани, а за влез ќе бидат потребни сертификат дека се вакцинирани или негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

Со цел да се овозможи полесно патување на граѓаните во време на пандемијата, Заев на маргините на Економскиот Форум „Делфи“ во Атина разговараше и со поранешниот британски премиер, Тони Блер. На средбата станало збор за можностите за соработки и инвестиции со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за менаџирање со податоци при справувањето со Ковид-19, односно за ставањето во функција на дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет.

Преземено од Дојче Веле

[sc name=”dw” ]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот