Ев­ти­но ос­ве­жу­ва­ње на ѕи­до­ви­те во до­мот: Та­пе­ти­те пов­тор­но во мода

Нај­брз, на­јед­нос­та­вен, а при­тоа и на­јев­тин на­чин за да ги ос­ве­жи­те ѕи­до­ви­те во до­мот и при­тоа да до­би­е­те но­ва ди­мен­зи­ја на прос­то­рот е об­ло­жу­ва­ње­то со та­пети. Ток­му вак­ва­та под­за­бо­ра­ве­на де­ко­ра­ци­ја на прос­то­рот ко­ја во 80-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век бе­ше при­сут­на ре­чи­си во се­кој дом, но ко­ја по­доц­на бе­ше под­за­бо­ра­вена, пов­тор­но ста­на по­пу­ларна. Изо­бил­ство­то на бои, ша­ре­нила, свет­ли или по­темни, па ду­ри и оние ед­но­бој­ните,  да­ва­ат по­себ­на топ­ли­на во до­мот и чув­ство на ужи­вање. Ток­му нив мо­же­те да ги вкло­пи­те во се­кој дел од до­мот, неза­вис­но да­ли ста­ну­ва збор за дет­ска соба, спална, куј­на или пак со­ба за дне­вен прес­тој.

Image result for wallpaper living room ideas

Де­неска, из­бо­рот на та­пе­ти во спо­ред­ба со ми­на­то­то е мно­гу по­го­лем, ка­ко во од­нос на ко­ло­ри­тот та­ка и по ква­ли­те­тот. Нај­но­ви­те трен­до­ви пак ос­вен обич­ни­те „мазни“ та­пети, ну­дат и т.н. 3Д та­пети, кои на прос­то­рот му да­ва­ат по­го­ле­ма ди­мен­зи­о­нал­ност, дла­бо­чи­на и ка­рак­тер.

Image result for wallpaper living room ideas

На па­за­рот та­пе­ти­те ка­ко вид на де­ко­ра­ци­ја на ѕи­до­вите се при­сут­ни во по­ве­ќе раз­лич­ни сти­ло­ви  ка­ко што се кла­сични, мо­дерни, рет­ро или пак та­пе­ти прис­по­со­бе­ни за во дет­ски­те со­би ка­де што нај­чес­то се от­сли­ку­ва­ат ју­на­ци­те од цр­та­ни­те фил­мови. Трен­ди де­ко­ра­ци­и­те за на ѕид ги има во нај­раз­лич­ни бои и тек­стури. На мо­дер­ни­те та­пе­ти ка­ко мо­ти­ви нај­зас­та­пе­ни се ми­ни­ма­лис­тич­китe, цвет­ните, ге­о­мет­рис­ки­те и ап­страк­тни мо­тиви, ка­ко и мо­ти­ви од вре­ме­то на ба­ро­кот, а осо­бе­но ат­рак­тив­ни се мо­ти­ви­те во бо­и­те на го­диш­ни­те вре­миња.

Image result for wallpaper living room ideas

За днев­на­та со­ба иде­ал­но ре­ше­ние се та­пе­ти со мул­тип­ли­ци­ра­ни мо­ти­ви кои са­мо ќе го ук­ра­сат ѕи­дот, а не­ма мно­гу да прив­ле­ку­ва­ат вни­ма­ние би­деј­ќи тоа се­пак е прос­тор во кој се по­ми­ну­ва нај­мно­гу време. За опуш­та­ње во спал­на­та со­ба и за по­ми­рен сон мо­же да се по­ста­ват фо­то­та­пе­ти со сми­ру­вач­ки при­зо­ри во си­на или зе­ле­на боја.

Image result for living room 3d wallpaper ideas

Во дет­ска­та со­ба со по­мош на фан­та­зи­јата, вне­се­те жи­ви и ве­се­ли мо­ти­ви кои ќе ја пот­тик­ну­ва­ат дет­ска­та ра­зиг­ра­ност. Ина­ку не е препо­рач­ли­во со та­пе­ти да се об­ло­жу­ва­ат спо­ред­ни­те ѕи­дови. Иде­ал­но е да се по­ста­ват на ѕи­дот до гар­ни­ту­ра­та за се­дење, до кре­ве­тот или по­за­ди не­го во спал­на­та соба.

Се­пак, раз­ли­ка­та во од­нос на не­ко­гаш­на­та упот­ре­ба на та­пе­ти­те и во тоа на кој на­чин ис­ти­те се ко­рис­тат де­нес,  е во на­чи­нот на нив­но­то „ле­пење“ на ѕи­до­вите.

Image result for living room 3d wallpaper ideas

Ако ис­ти­те во ми­на­то­то се ко­рис­те­ле за об­ло­жу­ва­ње на це­ли ѕи­дови, де­нес се ста­ва­ат са­мо на еден ѕид или пак са­мо на еден мал дел од ѕи­дот, но на ис­ти­те се прак­ти­ку­ва да има по­го­ле­ми мо­ти­ви и на тој на­чин ис­ти­те по­лес­но до­а­ѓа­ат до из­раз.

Нај­но­ви­те ге­не­ра­ции на та­пети, за раз­ли­ка од не­ко­гаш­ните, лес­но се ста­ва­ат и ва­дат, от­пор­ни се на вли­ја­ни­е­то на сон­че­во зра­чење, бо­и­те се пок­ва­ли­тет­ни и по­по­стојани, а ис­то та­ка и од­ржу­ва­ње­то е олес­не­то по­ра­ди мож­нос­та да се ми­јат.

Image result for living room wallpaper ideas 2019

До­кол­ку се од­лу­чи­те на овој на­чин да вне­се­те све­жи­на во ва­ши­от дом, избе­ре­те де­ко­ра­тив­ни та­пе­ти спо­ред бо­ја­та ко­ја до­ми­ни­ра во прос­то­ри­ја­та во ко­ја што пла­ни­ра­те да ги за­ле­пите. До­кол­ку на прос­то­ри­ја­та и тре­ба де­таљ кој ќе го од­вле­че вни­ма­ни­ето, то­гаш од­бе­ре­те впе­чат­ли­ви об­ло­ги за ѕи­дот. Се­пак, нај­до­бар из­бор за тоа е да из­ле­пи­те со та­пе­ти са­мо еден ѕид во днев­на­та или пак во дет­ска­та соба. Се­пак од­бе­ре­те раз­лич­ни мо­тиви.

Image result for living room wallpaper ideas 2019

Ед­но­бој­ни­те и дво­бој­ни­те та­пе­ти пак се ин­те­ре­сен де­таљ во прос­то­ри­ја во ко­ја не­ма прем­но­гу бои и ша­ре­нило, ка­ко на при­мер ра­бот­на соба, ход­ник или це­лос­но об­ло­же­на днев­на соба. За што и да се од­лу­чите, об­рне­те осо­бе­но вни­ма­ние на тоа, кол­ку дол­го са­ка­те ис­ти­те да ви ос­та­нат за­ле­пе­ни на ѕи­дот. За­тоа, од­бе­ре­те не­ко­ја пок­ла­сич­на ва­ри­јан­та ако пла­ни­ра­те да ужи­ва­те со ис­ти­те след­ни­те не­кол­ку го­дини, но до­кол­ку сте чо­век кој са­ка се­ко­ја го­ди­на да ме­ну­ва неш­то во до­мот, то­гаш од­бе­ре­те од оние мо­дер­ни­те и трен­ди та­пе­ти со жи­ви бои, кои се хит оваа се­зона.

До­кол­ку пак сте од оние кои не ште­дат сред­ства при уре­ду­ва­ње­то на сво­јот соп­ствен дом, то­гаш, ук­ра­се­те ги ѕи­до­ви­те со нај­но­ви­те 3Д де­ко­ра­тив­ни та­пе­ти кои ќе вне­сат по­себ­на енер­ги­ја и вис­тин­ско ос­ве­жу­ва­ње во се­кое ва­ше катче.

Image result for living room wallpaper ideas 2019

Вак­ви­те 3Д та­пе­ти се де­фи­ни­тив­но по­след­ни­от хит кај до­маш­но­то уре­ду­ва­ње би­деј­ќи пок­рај тоа што из­гле­да­ат то­тал­но мо­дерно, тие ќе им да­дат жи­вот на ва­ши­те ѕи­дови.

При уре­ду­ва­ње­то на прос­то­рот со по­мош на та­пети, об­рне­те осо­бе­но вни­ма­ни­е  на бо­и­те кои до­ми­ни­ра­ат во прос­то­рот. Бе­ла­та бо­ја ка­ко под­ло­га на ѕи­до­ви­те е иде­ал­на за ос­нова, до­кол­ку сте се од­лу­чи­ле да за­ле­пи­те та­пе­ти со круп­ни мо­ти­ви или пак во нај­раз­лич­ни бои. Ни­ка­ко не се препо­ра­чу­ва об­ло­жу­ва­ње на си­те ѕи­до­ви во ед­на прос­то­ри­ја со та­пети, осо­бе­но ако е прос­то­ри­ја­та со по­ма­ла квад­ра­тура. Са­мо еден ѕид об­ле­пе­те го со та­пе­ти со кру­пен мо­тив, а ос­та­на­ти­те ѕи­до­ви обој­те ги во ед­на ни­јан­са ко­ја е при­сут­на на та­пе­тите. Ро­зе­ви­те то­но­ви му да­ва­ат на прос­то­рот ро­ман­тич­ност, а си­ви­те го пра­ват по­пре­фи­нет. За по­сла­бо ос­вет­ле­ни­те прос­то­ри иде­ал­ни се та­пе­ти­те во бе­ла боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот