„Евтино и хитно, поради развод и печалба!“: Духовит оглас за стан во Скопје ги насмеа сите што го прочитаа

Фото: imoti247.com

На социјалните мрежи се споделува оглас за продажба на стан во Скопје, во кој продавачот наведува дека „евтино и хитно“ го продава станот „поради развод и заминување во странство на печалба“.

„Го продавам полн со сите ствари внатре што се прикажани на сликите!!! Без агенции… и агенциски провизии… хитно поради развод и заминување во странство на печалба…“, пишува огласувачот.

Фото: imoti247.com

Повеќето од коментарите се позитивни, а се чини дека огласот ги насмеал сите кои го прочитале сосе урнебесниот, неверојатно детален опис на станот). Има такви кои сметаат дека овој искрен пристап ќе помогне станот побрзо да се продаде, а има и коментари дека приказната за разводот и заминувањето во странство можеби не се вистинити, туку измислени токму за да ја забрзаат продажбата.

Дека искреноста и непосредноста се автентични, се чувствува и во темелниот опис на станот и неговите предности и слабости, во кој огласувачот во интересен и сликовит стил, „рафално“ и „во еден здив“ им објаснува на потенцијалните купувачи што можат да очекуваат:

Фото: Скриншот

Без оглед на тоа дали причините за продажбата на станот се вистински или измислени, на огласувачот во секој случај мора да му се признае духовитоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот