Евтин и безбеден лек против шеќерната болест е новото оружје против коронавирусот? (ФОТО)

Архива на СП

Докторите од Вухан, епицентарот на епидемијата на корона вирус во Кина, сметаат дека евтиниот лек „метформин“ (познат и како глукофаг), може да служи како ново оружје во борбата против Ковид – 19.

Лекот за дијабетис „метформин“, кој веќе го користи Националната здраствена служба (НХС), се користи и за ефикасно лекување на рак на дојка и срцеви заболувања.

Докторите во Вухан неодамна објавија студија во која покажува дека дијабетичарите кои го земаат овој лек, имаат мала шанса да умрат за разлика од дијабетичарите кои не го земаат овој лек.

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Истражувањето на Универзитетот во Минесота исто така откриле дека лекот може да помогне во намалувањето на ризикот од смрт предизвикан од Ковид 19 инфекцијата.

Наодите од студиите откриваат дека лекот го намалува жестокиот одговор на телото – главната причина за тешкото заболување и смрт од корона.

Ова може да биде клучно во борбата против новиот вирус, бидејќи воспалението и „цитокинската бура“ се главните причини за смрт.

Фото: Unsplash

Третирањето на коронавирусот со лекови се смета за клучна во борбата против Ковид 19, бидејќи вакцината се уште не е развиена.

„Метформин“ е ефтин и широко достапен лек против шеќерната болест. Овој лек секојдневно го земаат милиони заболени од дијабетис тип 2.

„Метформин“ на пазарот го има долги години и во принцип се смета за безбеден лек. Пед до дест отсто од тие кои го користат патат од непосакувани симптоми како што се мачнина и надуеност.

Студиите исто така откриле дека овој лек помага на гојазните луѓе да ослабат, дури и ако немаат дијабет. Луѓето со прекумерна тежина се изложени на поголем ризик од сериозни компликации или смрт од Ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот