Евтин антидепресив го намалува ризикот од хоспитализација кај пациенти со ковид-19

Profimedia
Ковид-19/ Фото Handout / AFP / Profimedia

Евтин антидепресив ја намалува потребата од хоспитализација кај високоризичните возрасни пациенти со ковид-19 покажуваат клиничките испитувања, јавија американските медиуми. Научниците испробале лек против депресија и опсесивно-компулсивно нарушување врз пациенти бидејќи за него имало податоци дека го намалува воспалението и дал ветувачки резултати во мали студии, пренесува АП.

Резултатите беа споделени со американскиот национален институт за здравје, а авторите на студијата се надеваат дека терапијата ќе биде препорачана од Светската здравствена организација.

„Доколку СЗО препорача, ќе биде широко користен“, вели коавторот на студијата д-р Едвард Милс од Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио, Канада. Тој додаде дека сиромашните земји ќе можат брзо да го употребуваат лекот.

„Се надеваме дека ова ќе ги спаси животите на многу луѓе“, рече тој. Лекот Флувоксамин чини четири долари. За споредба, терапија со антитела е околу две илјади долари додека експерименталниот лек на Мерк за Ковид-19 е со цена од околу 700 долари.

Истражувачите го дале антидепресивот на 1.500 Бразилци заразени со новиот коронавирус. Резултатите се објавени во Лансет глобал хелт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот