Евтаназија на животни – За или против

„Јас не сум стручњак за заразни болести. Работам хирургија. Не се наоѓам повикан за заразни болести. Кај нас има експерти кои тоа го работат. Јас не слушнав дека некој на состанокот со Шилегов рече дека некои болести се неизлечиви. Неизлечиво е само беснилото“, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, проф. д-р Пламен Тројачанец.

Според него некои животни може да се излекуваат, а некои угинуваат. „Не знам зошто толку жолч се изли за болестите. Мене друго ми смета и сакав да го кажам. Ние сите подлегнуваме на некаква контрола и рецензија. Не е пристојно некој што не ги знае работите или пак прочитал нешто на интернет, коментира толку стручно за кое дури и ние не се чувствуваме стручни“, вели Тројачанец.

Тој смета дека дискусијата се води на високо-научно ниво а немаат обука од основна медицина. „Легално право им е, не се единствени да бараат да нема евтаназија. Значи нивното право може да се почитува, но не мора да се прифати. Има други и од стручната јавност кои велат дека евтаназијата е дел од праксата и ветеринарна обврска за случаи каде ние сметаме дека животното не може да биде излечливо или страда“, рече тој.

Практиките за бездомни животни покажува дека евтаназијата е легална скоро во сите земји во Европа, изјави за Утрински брифинг, проф. д-р Пламен Тројачанец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот