Еврозоната поранлива отколку што се мислеше: Еврото значително ослабна во однос на доларот

Инвеститорите на глобалните берзи чекаа нови податоци за економската клима во германската економија.

Курсот на еврото се намали денеска на меѓународните пазари на нивото од пред три години во однос на доларот.

Инвеститорите на глобалните берзи чекаа нови податоци за економската клима во германската економија.

Во вакви околности, утрово еврото се тргуваше за 1.0826 долари, што значи дека има благ пад од 0,1 процент од затворањето на тргувањето во понеделникот и околу 3,4 проценти од почетокот на годината. Ова значи дека курсот на еврото се доближи до најниските нивоа од април 2017 година.

Заедничката европска валута е под притисок од неодамнешните слаби податоци на Германија за индустриската активност и бруто домашниот производ (БДП), кои покажуваат дека Еврозоната е поранлива отколку што се сметаше порано, додека американската економија се покажа како поотпорна од остатокот на светот.

Поради слабите економски показатели на блокот со 19 членки, се очекува да се одржи лесна монетарна политика во Еврозоната на подолг период.

На страната на поголемите губитници беше норвешката круна, чија цена во однос на доларот во еден момент се спушти на најниското ниво од пред 19 години.

Австралискиот долар исто така забележа загуба во споредба со американскиот по објавата на податоците од првата седница на австралиската Централна банка во оваа година, што покажа дека се подготвени, доколку е потребно, за дополнително олеснување на монетарната политика, иако оставајќи ги клучните каматни стапки на рекордно ниски 0,75 проценти.

Британската фунта исто така забележа пад од 0,2 проценти во однос на доларот, на 1,2979 долари и благ пад од 0,1 процент во однос на еврото, на 83,41 пени за евро, откако Велика Британија и ЕУ изразија спротивставени ставови за тоа како да ги продолжат трговските преговори.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најголеми светски валути, во вакви околности беше плус 0,23 проценти во однос на затворањето од претходниот ден, достигнувајќи 99,23 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот