Евровизија, прва проба: Необичен перформанс на хрватскиот претставник

Youtube

Деветнаесетгодишниот Роко Блажевиќ ќе ја претставува Хрватска на Евросонг со песната „The Dream“.

На домашниот натпревар кога бил избран за Евросонг, Роко на сцената се појавил со бели крилја, а за кореографијата мислењата биле поделени.

Иако потоа многумина заговараа настап без крилја, по првата проба во Израел, Роко повторно изненадува. Белите крилја ги заменил со златни, а исто такви само помали носат и неговите двајца придружници.

Многу критичари и фанови на Евросонг велат дека секој нема да може „да ја свари“ кореографијата на младиот Хрват.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот