Еврото порасна во однос на доларот, златото стабилно, цената на нафтата бележи пад

Цените на нафтата паднаа поради обновените стравувања од прекумерна понуда и слабеење на економијата.

Еврото се засили на 1,1352 американски долари, додека австралискиот долар го затвори тргувањето на ниво од 0,6991 американски долари, во пораст за околу 0,5 проценти.

Цената на златото остана стабилна на 1.718 американски долари за унца, додека цените на нафтата паднаа поради обновените стравувања од прекумерна понуда и слабеење на економијата.

Северноморската нафта „брент” падна за 1,5 проценти на 40,58 американски долари за барел, додека американската WTI нафта се тргуваше по цена од 38,21 американски долари за барел, што претставува намалување за 1,9 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот