Евростат: Секој втор граѓанин на ЕУ бара здравствени совети на интернет

Најмногу истражуваат во Финска, каде 76 проценти од корисниците на интернет пребарувале теми поврзани со здравјето во последните три месеци, а потоа следуваат Холандија, Кипар , Данска и Германија .

Секој втор граѓанин на Европската унија, на возраст од 17 до 74 години, односно 53 отсто, бара здравствени информации на Интернет, во врска со повреди, заболувања, исхрана…, покажуваат податоците на европскиот завод за статистика Евростат.

Тоа е за два процентни поени повеќе отколку во истиот период лани (51 процент) и за 19 процентни поени повеќе од 2009 година (32 проценти), се наведува на официјалната веб-страница на Евростат.

Најмногу истражуваат во Финска, каде 76 проценти од корисниците на Интернет пребарувале теми поврзани со здравјето во последните три месеци, а потоа следуваат Холандија (74 отсто), Кипар (69 отсто), Данска (67 отсто) и Германија (66 отсто).

За разлика од тоа, најниско учество е регистрирано во Бугарија (30 проценти), Романија (31 отсто), Италија (35 отсто), Полска (47 отсто), Латвија и Словенија (и двете по 48 проценти).

Сепак, во текот на последната деценија, процентот на лица кои бараат здравствени информации преку Интернет се зголемил во сите земји-членки на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот