Eвростат: Романците и Литванците најмногу трошат на храна и безалкохолни пијалоци

Во 2018 година домаќинствата во Европската унија потрошиле повеќе од една милијарда евра (1.047 мрд. евра) на „храна и безалкохолни пијалоци”. Тоа претставува 12 отсто од вкупните расходи за потрошувачка и се едни од најголемите давачки на домаќинствата во ЕУ по „вода, електрична енергија, гас и други горива”

Тие издатоци се 24 отсто од трошоците на домаќинствата во претходната година, а транспортот учествуваше со 13 отсто од буџетот на домаќинствата.

Домаќинствата во Романија потрошиле околу една петтина од вкупните трошоци на домаќинствата за храна и безалкохолни пијалоци. Следуваат Литванците и Естонците кои најмногу потрошиле на храна и пијалоци.

Според Евростат, Литванија забележала најголемо намалување на трошоците за храна, додека најголемо зголемување има во Чешката Република и Словачка.

Помеѓу 2008 и 2018 година, уделот на вкупните расходи на домаќинствата за храна се намали или остана стабилен во повеќето земји-членки на ЕУ.

Најголемото намалување е забележано во Литванија, од 24 проценти од вкупните расходи на домаќинствата во 2008 година на 20 проценти во 2018 година. Слична статистика е забележана во Полска и Малта.

Спротивно на тоа, потрошувачката на домаќинствата за храна се зголеми во 10 земји-членки на ЕУ каде што се достапни податоци за 2018 година. Најголеми зголемувања се забележани во Чешка и Словачка, но и во Холандија и Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот