Евростат: Првиот бран на ковид-19 однесе речиси 170.000 луѓе повеќе од четиригодишен просек во 26 земји на ЕУ

Речиси 170.000 луѓе повеќе починаа во 26 земји на Европската Унија (ЕУ) за време на првиот бран на коронавирусот, отколку просечно во изминатите четири години, покажуваат официјалните податоци. „Евростат“ соопшти дека од почетокот на март до крајот на јуни, евидентирани се 168.000 смртни случаи повеќе во 26 земји на ЕУ.

– Овие податоци ги вклучуваат сите смртни случаи, без оглед на нивните причини, но можат да бидат корисни при проценка на директното и индиректното влијание на пандемијата врз европското население”, наведе „Евростат“.

Ирска не е вклучена во пресметката, бидејќи податоците за таа земја сè уште не се добиени.

Таа институција пресметала дека пикот на смртните случаи е регистриран во неделата на крајот на март и почетокот на април, кога имало 36.000 смртни случаи.

Повеќе мажи отколку жени починале во март, а обратен бил односот во април и на почетокот на мај. Првите европски земји што ги погоди коронавирусот беа Италија и Шпанија, а овие две земји забележаа и најголем пораст на бројот на смртни случаи, Шпанија – 48.000, а Италија над 46.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот