Евростат: Малопродажбата во ЕУ во јуни забележа раст од 5,2 проценти, а во еврозоната 5,7 отсто

Обемот на трговијата на мало во Европска унија во јуни забележа раст од 5,2 проценти во споредба со мај, а во еврозоната порастот е за 5,7 отсто, соопшти денеска Евростат.

Податоците покажуваат дека обемот на малопродажба во ЕУ и во еврозоната се врати на новото од февруари, кога не беа во сила мерките за затворање на економијата поради пандемијата со Ковид-19.

Додека во мај обемот на малопродажбата во еврозоната се зголеми за 20,3 проценти, а во ЕУ за 18,3 отсто.

На годишно ниво, малопродажбата и во еврозоната и во ЕУ во јуни 2020 година забележа раст за 1,3 проценти.

Најголем раст на промет во еврозоната во јуни е забележана во продажбата на горивата за 20,4 проценти, додека на месечно ниво прометот на непрехранбените производи порасна за 12,1 отсто. Од друга страна, месечниот промет на храната, пијалаците и цигарите се намали за 2,7 проценти.

Сличен тренд имаше и во ЕУ, каде продажбата на горивата за автомобилите во јуни порасна за 16,9 проценти во однос на мај, додека прометот на непрехранбени артикли се зголеми за 10,6 отсто, додека храната, пијалаците и цигарите забележаа пад од 2,2 отсто.

Најголем месечен пораст на прометот на мало е регистриран во Ирска (21,9 проценти), пооа следат Шпаниај (16,5) и Италија (13,8 отсто), а накјголем пад има во Австрија (2,5) и Германија (1,6 проценти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот