Европското жариште не стивнува: Бројот на починати и заразени во Италија расте

Италија/Поситано Фото: Профимедиа

Италија е трета во светот по бројот на смртни случаи од коронавирусот по САД и Велика Британија.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се зголеми за 262, тој изнесува 31.368, објави денеска италијанската Агенција за цивилна заштита.

Тоа е пораст споредбено со вчерашниот ден, кога бројот на починати беше 195 и најголем број смртни случаи во еден ден од 7 мај, објави „Ројтерс“.

Италија е трета во светот по бројот на смртни случаи од коронавирусот по САД и Велика Британија.

Во исто време, бројот на новозаразени се зголеми за 992, што е повеќе од претходниот ден кога изнесуваше 888.

Вкупниот број заразени во Италија изнесува 223.096, што е петти најголем број во светот, по САД, Шпанија, Велика Британија и Русија.

Во одделенијата за интензивна нега се лекуваат 855 лица, што е помалку од вчерашниот број кога имало 893.

Од коронавирусот во Италија се излекувани 115.222 лица, а 1.820 милиони се тестирани за присуство на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот