Европското нафтено ембарго кон Русија засега без реперкусии врз Македонија

бензин бензинска пумпа скопје
Бензинска станица во Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ограничувањето на цената на руската нафта до 60 долари за барел, согласно западниот договор како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ нема директно да влијае врз Македонија во однос на цената или евентуалниот нејзин недостиг. Трговците во земјава нафтата ја набавува на берза и отткука тие се ослободени од каде, како и колку ќе го набавуваат овој енергенс за нашите потреби. Ова е став на дел од домашните експерти по енергетика откако коалицијата на западни земји неодамни се договорија да се ограничи цената на руската нафта со што би се намалиле приходите на Москва и ја успори нејзнината моќ во финансирањето за војната во Украина.

Професор Константин Димитров за „Слободен печат“ вели дека нема причина за страв од недостиг, со оглед на можноста другите земји производители на нафта да ја искористат можноста да ги зголемат цените сега.

Професор Константин Димитров, Фото: Архива

– Ние набавуваме нафта на берза и истата ја купуваме со цена во зависност што ќе договори нашиот трговец и ако не се лажам тоа е Макпетрол и Окта. Доколку ја купат од друга фирма или производител тоа е сосема друго. Во исто време сакам да истакнам дека ние немаме директна конекција со Русија. Сегашната граничната мерка на 60 долари од Европа за барел е западна политика која може и немора да се придржуваме. Сепак она што ќе биде понудено на пазарот ние ќе купиме а Европа ако е способна нека ја најде и за пониска цена од 60 долари по барел па така сите ќе имаме полза – вели проф. Димитров.

Тој во однос на Македонија тој уште еднаш посочува дека земјава со години набавува нафта на берза и со тоа трговците се ослободени од спрегите каде да се набави истата, но доколку се почитува западниот договор не треба да купуваме руска нафта.

– Проблемот кај нашите трговци е тоа што тие немаат долгогодишен аражман за набавка на нафта. Тоа се врши на неделно, месечно и повеќе месечно ниво. Недостасуваат долгорочни енергетски стратегии за земјава. Од тоа впрочем зависи и брзата флуктација на цената на овој но и другите енергенти која ја имаме во земјава – посочува Димитров.

Универзитетскот професор додава дека во оваа состојба со западното ембарго на руската нафта најмногу ќе профитираат земјите од Истокот, мислејќи пред се на  Кина, Индија и сл. Тоа е така бидејќи сета нафта која сега ќе се забранува во Европа ќе се реекспортира па дури и препакува на друго место или локација која пак можеби понатаму би можела и да се врати назад во Европа но не како руска туку како индиска нафта.

Од друга страна политичкиот аналитичар Милан Стефановски коментирајќи ги одлуките за ембарго на руската нафта во Европа и Западот за Слободен печат вели дека не е многу убеден дека Русија навистина ќе страда.

Милан Стефаноски

– Последниот чекор не води до прашањето дали нафтеното ембарго и ограничувањето на цените навистина ќе и наштетат на Русија. Напротив мое мислење е дека нема ништо да се постигне, туку единствен потег со кој би можело да се наштети на Москва е доколку сите се согласија на пониска горна цена, смета Стефановски.

Во меѓувреме денес во сеседна Србија и се забрани увоз на руска нафта преку хрватскиот гасовод Јанаф. Оваа ненадејна последица е резултат на стапувањето во сила на новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, со оглед на тоа што Србија, за разлика од некои европски земји, не доби изземање. Тамошните експертите се согласуваат дека нема причина за страв од недостиг, но возачите веќе се во паника, со оглед на можноста другите земји производители на нафта да ја искористат можноста да ги зголемат цените сега, пишуваат српските медиуми.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ изјави дека и покрај тоа што ЕУ става рампа на руската нафта, што значи дека има забрана за Србија, тоа нема да биде проблем со оглед на тоа што Србија увезла најголеми количества нафта од земји кои не се под санкции, како Иран и Казахстан.

Тоа го потврди и експертот за енергетика Милош Здравковиќ кој за српските медиуми изјави дека тоа што Србија веќе не може да увезува нафта од Русија навистина нема да преставува проблем, бидејќи оваа земја до сега не ни била главен извор на снабдување.

Инаку претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, е убедена дека мерките ќе ја постигнат целта, а ценовното ограничување според неа и севкупно ќе ја стабилизира цената на нафтата. Конечно, таа неодамна посочи дека утврдена е максимална цена од што ќе профитираат и послабите земји бидејќи ќе може да набавуваат поефтина нафта.

Видео на денот