Европските земји го осудија тестирањето на балистичките ракети на Пјонгјанг

Фото: МИА

Германија, Франција и Велика Британија остро ги осудија десетината тестирања на балистички ракети од страна на Северна Кореја и го известија Советот за безбедност на Обединети нации за примена на санкциите кон Пјонгјанг.

Европските земји апелираат до Пјонгјанг да се ангажира во „суштинските преговори” со САД за својата нуклеарна и ракетна програма.

Во заедничкото соопштение издадено по средбата зад затворени врати се наведува дека Северна Кореја треба да преземе „конкретни чекори” во новите преговори со САД и „да се откаже од своето оружје за масовно уништување и ракетните програми на целосен и доверлив начин”.

Дипломатските напори се во застој откако пропадна вториот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во февруари годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот