Европските земји до ЕМА: Очекуваме разјаснување во врска со вакцината на „АстраЗенека“

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца изјави дека европските земји се надеваат оти Европската агенција за лекови (ЕМА) утре ќе достави „неопходно разјаснување” за да може да се продолжи со употребата на вакцината на „АстраЗенека“.

Италија е една од земјите кои ја прекинаа вакцинацијата со „АстраЗенека“ поради извештаите за појава на крвни згрутчувања кај некои луѓе кои ја примиле оваа вакцина против коронавирусот, иако производителот и меѓународните регулатори наведуваат дека вакцината е безбедна.

Сперанца пред парламентарната Комисија за социјални прашања изрази надеж дека Италија „утре ќе добие одговори од ЕМА, што ќе овозможи продолжување без двоумење на вакцинацијата со „АстраЗенека”.

Тој истакна дека италијанската Влада „има најголема доверба во ЕМА”, како и во Италијанската агенција за лекови.

Досега околу 10 отсто од Италијанците примиле најмалку една доза од вакцините против ковид-19. Сперанца очекува до јуни да пристигнат околу 50 милиони дози вакцини, вклучувајќи ја и вакцината на „Џонсон&Џонсон“, а околу 80 милиони дози треба да бидат доставени во периодот меѓу јули и септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот