Европските вредности се ставени на тест, очекуваме брз старт на преговорите, заклучија Маричиќ и литванскиот шеф на дипломатијата

Фото: МИА

Европската перспектива на земјава и регионот, како и разговорите со Бугарија со цел отстранување на ветото за почеток на пристапните преговори со ЕУ, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

– Членството во ЕУ е стратешка определба на Северна Македонија и ние како Влада сме посветени на реализација на европските стандарди и правила, посочи вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека доколку не се успее во скоро време да се дојде до договор со Бугарија за отстранување на ветото за очекување е да се зголеми евроскептицизмот помеѓу граѓаните.

Заедно со министерот Ландсбергис, информираат од СЕП, се согласија дека се големи очекувањата од Комисијата и француското претседателство и дека во следниот период ќе ги преземат неопходните чекори во насока на унапредување и отворање на процесот.

Го потврдија партнерскиот однос и се осврна на заедничките проекти кои ги спроведува Секретаријатот за европски прашања заедно со Литванија и се договорија за продлабочување на соработката преку давање на експертска и финансиска поддршка за унапредување на нашата реформска агенда, со цел побрзо приближување на земјата до европската легислатива и стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот