Европските тур оператори против карантин: Потребна координација и тестирања

Урсула фон Дер Лајен / СП. архива

Европските влади треба да го заменат карантинот со координирани ограничувања и тестирања на Ковид-19, соопши денеска Европската асоцијација на агенти за патувања и тур-оператори (ЕЦТАА), барајќи интервенција од Европската комисија.

– Хаосот бара Ваш личен ангажман во моментот, се наведува во писмото на ЕЦТАА испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Апелот до Комисијата е во исто време со предупредувањето од групата на европски аеродроми дека во август е намален бројот на патници за 65, а во првите две недели од септември се намалил дури за 73 отсто.

– Неимплементацијата на предлогот на ЕК ќе ја уништи секоја можност за потенцијално закрепнување, се предупредува во писмото, што е потпишано од здруженија кои заедно претставуваат повеќе од 5.000 компании и милиони работници во различни сектори, од авијација и туристички агенции до хотели, ресторани и кампови и фирмите за нивно снабдување.

Туризмот сочинува 10 проценти од економската активност во ЕУ и вработува 12 проценти од вкупната работна сила.

ЕЦТАА е составена од повеќе од 20 туристички здруженија и Меѓународната асоцијацијаза воздушен сообраќај (ИАТА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот