Европските држави бараат Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје

Фото: Принтскрин

Пет европски членки на Советот за безбедност на ОН побараа од Северна Кореја да преземе конкретни чекори за целосно откажување од програмата за развој на нуклеарно оружје.

Тоа се однесува и на балистичките ракети, а тоа треба да се спроведе на проверлив и неповратен начин.

Заедничкото соопштение на претставниците на Германија, Британија, Франција, Белгија и Полска е објавено откако 15-те членки на СБ на ОН одржаа состанок зад затворени врати бидејќи Пјонгјанг објави дека минатата среда извршил проба на балистичка ракета, истрелана од подморница.

Европските членки на СБ на ОН сметаат дека таквите лансирања претставуваат „поткопување на регионалната безбедност и стабилност” и кршење на резолуциите на Советот за безбедност.

– Од витално значење е Советот за безбедност да ги поддржува своите резолуции. Меѓународните санкции мора да останат во сила и целосно и строго да се спроведуваат, се наведува во соопштението.

Северна Кореја вчера ги предупреди САД, Велика Британија, Франција и Германија дека со отворање на прашањето за нејзините ракетни проби во СБ на ОН, дополнително ќе се поттикне желбата на Пјонгјанг да го брани својот суверенитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот