Европските берзи во плус трет ден по ред

На европските берзи во вторник претпладне најважните индекси пораснаа веќе трет трговски ден по ред, а најмногу се вложува во акции чувствителни на промените во економскиот циклус, бидејќи инвеститорите се надеваат на закрепнување по коронакризата, што би требало да потикне и нови фискални стимули.

Пан-европскиот индекс „Stoxx 600“ имаше профит од 1,2 отсто во околу 9,30 часот, а порастот на цените го водеа акциите на патнички, енергетски и рударски компании.

Во исто време, франкфуртскиот DAX зајакна 1,4 отсто, на 12.864 поени, а CAC во Париз за 1,8%, на 4.997 поени. Индексот во лондоски Фтсе исто така значително се зголеми за 1,4 проценти, на 6.135 поени, и покрај податоците за најголем скок на бројот на невработени во вториот квартал во Велика Британија од 2009 година, за 220.000.

Фактот дека продажбата на возила во Кина се зголеми за 16,4 проценти во јули, растејќи четврти месец по ред од повторното покренување на економијата по кризата со корона, исто така ја зголеми и набавката на акции во автомобилските компании, па секторот во просек оствари раст за 2,8 отсто.

Глобално, инвеститорите се опуштија по одлуката Кина да ги санкционира 11-те американски граѓани, што е нејзин одговор на американските санкции на кинеските индивидуалци заради Хонгконг, со што изгледа завршува оваа рунда на дипломатски конфликти меѓу Кина и САД која не ги зафати чувствителните трговски односи.

Понатаму, инвеститорите се надеваат дека конгресмените и функционерите во администрацијата на Трамп наскоро ќе ги договорат новите фискални стимули за економијата, вредни меѓу 1.000 и 1.500 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот