Европските берзи паднаа на најниско ниво во три месеци

Илустративна фотографија

Глобалната продажба на ризични средства денеска ги доведе европските берзи на најниско ниво во три месеци, бидејќи недостигот на нови стимуланси за американската економија и вториот бран на епидемијата на коронавирусот ги зголемија стравувањата од забавување на глобалното закрепнување.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 падна за 1,0 проценти на најниско ниво од 26 јуни, додека берзите во Франкфурт, Лондон и Париз паднаа во интервал од 0,6 до 1,0 проценти.

Индексите на Волстрит забележаа големи загуби преку ноќ, предводени од пад на акциите на технолошките компании откако претставници на Федералните резерви на САД го повикаа Конгресот да одобри дополнителна државна помош за економијата, истовремено изнесувајќи го својот постојан став за водење лабава монетарна политика.

Франција, во меѓувреме, стана уште една европска земја што повторно воведе рестриктивни мерки, а Владата објави корона мапа на „ризични зони” и им даде рок на најтешко погодените влади да ги заострат ограничувањата или да ризикуваат прогласување вонредна состојба во нивните локални заедници.

Акциите на компаниите во секторот за патувања и нафта и гас паднаа за околу 2,0 проценти, додека технолошките акции паднаа за истиот процент.

Британскиот кино-оператор Синеворлд падна за дури 16,5 проценти, најавувајќи дека можеби ќе треба да се снајде со нова емисија на акции за да се соберат дополнителни средства доколку биде принуден повторно да ги затвори кината поради ограничувањата на владите за социјални собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот