Европскиот суд за човекови права ја осуди Унгарија за третманот на семејство на мигранти

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), ја осуди Унгарија за повеќе повреди на правата на семејство на азиланти во 2017 година, а особено за лишување од храна што го претрпел таткото на едно семејство во текот на четири месеци, јави дописникот на МИА.

Откако поднеле барање за азил, семејството, составено од три деца, било сместено во транзитна област, најпрво во контејнер од 13 квадратни метри, а потоа во изолација во друг контејнер иако некои биле позитивни на хепатит Б. Таткото, поради фактот дека тој поднел барање за азил по трет пат, „немаше право да му се обезбеди храна од страна на властите”, според унгарскиот закон, потсетува Судот во соопштението за печатот. Тој се хранел со остатоците што ги наоѓал во корпите за отпадоци.

Судот од Стразбур подвлекува дека „не можејќи да ја напушти областа”, тој „бил целосно зависен од унгарските власти”. Судиите на ЕСЧП пресудиле дека таткото „немал соодветен пристап до храна”.

-Властите не ја проценија доволно ситуацијата пред да го лишат од храна, тврдат тие, заклучувајќи едногласно дека има повреда на членот 3 од Европската конвенција за човекови права за забрана за „нечовечко или понижувачко постапување”.

Земајќи ја во предвид „младата возраст на децата” (на возраст од седум месеци, шест години и седум години) и здравствената состојба на бремената мајка, Судот пресуди дека и тие биле предмет на нечовечки или понижувачки третман за време на нивниот престој . Судот укажува на „топлината и недостатокот на вентилација во сместувањето”, забележува дека креветите „не биле соодветни за деца”, забележува „недостаток на соодветна медицинска и психијатриска нега” или „присуство на машки агенти за време на гинеколошки прегледи “

Со мнозинство, судиите исто така пресудија дека има повреда на „правото на слобода и безбедност”, сметајќи дека „нема строго дефинирана правна основа” со кое се дозволува притвор за ова семејство. Тие го осудија „отсуството на законски одредби” за утврдување на максимално времетраење на престојот во транзитната зона, „прекумерно времетраење на овој престој” и „значителни одложувања” во испитувањето на барањата за азил на засегнатите лица. Според тоа, Судот и наложи на Унгарија да плати 4.500 евра на секое од децата и 6.500 евра на секој од родителите, за „нематеријална штета”.

Ова семејство се наоѓало во транзитната зона во Рожке, на границата меѓу Србија и Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот